Еден канадски заболекар платил речиси 20 илјади фунти за заб на Џон Ленон, на аукција која била одржана во северноанглискиот град Стокпорт. Заболекарот Мајкл Зук го купил „славниот“ заб лицитирајќи преку телефон за време на аукцијата за предмети од светот на рокенролот.
Легендарниот Битлс својот заб кон крајот од шеесеттите години го дал на својата куќна помошничка Дот Џарлет како сувенир за нејзината ќерка која била голем фан на Битлси. Зук во изјава за медиумите рекол дека кога слушнал дека е на продажба знаел дека мора да го има. Тој инаку е автор на книга за забите на познатите личности. Забот планира да го изложи во својата ординација.