Кафулето Минесота Џекс во Истбурн во Британија предизвикал бес кај политичарите откако сопственикот понудил бесплатна водка од 18 часот до 2 после полноќ на сите девојки. Промоцијата на бесплатен пијалок ќе започне од крајот на јуни, но нејзиниот почеток е неизвесен откако се побуниле градските власти. Полицијата сака да го присили сопственикот да се откаже од осум часа бесплатно опивање. – Неограничени количини на алкохол ќе доведат до проблеми со здравјето и полицијата – вели еден градски советник.
– Сакам да се обидам со нешто ново. Моите келнери се научени да не им дозволат на гостите да се опијанат – кажува сопственикот Дарен Буш.