Втората награда за најдобро илустрирана книга на Саемот на книгата што се одржува во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје ја доби книгата „ЗБОРОИГРИ -2“ од Славе Ѓорѓо Димоски.

Илуистрациите во книгата се на Јулијана Величковска. Се истакнуваат со изразит колорит кој е неизоставен дел од фантазијата кај најмладите читатели.

ЗБОРОИГРИ -2“ е прва книга во новата едиција на ПНВ Публикации посветена на најмладите читатели.

Книгата „Збороигри -2“ може да се набави во книжарницата „Снежана“ на ул. Димитар Влахов.

OhridNews