ОСНОВНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ:
1. Во текот на екстремно топлите денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, потребно да се најде можност за почести одмори под сенка
2. Да се носи светла и лесна облека, зашто светли бои ја рефлектираат светлината. При директна изложеност на сонце носете капа и заштитни очила, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор
3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна и тешка храна
4. Да се внесува големо количество течности, најдобро обична вода за пиење и да се избегнуваат алкохолните пијалаци
5. При влегување во возило, потребно е тоа прво да се проветри, па да се влезе во него
6. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичниот лекар.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труење со храна и цревни заразни заболувања, остануваат на сила и следните препораки:
– Задолжително миење на земјоделско-градинарските прозводи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.
– Термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток период по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени.
– Да се избегнуваат производи кои не се термички обработени, како што се: мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.
– Редовно миење на рацете и одржување на личната хигиена.