Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за појава на утринска магла по котлините. Минималната температура ќе се движи од 5-12, а максималната од 15-20 степени Целзиусови, информира УХМР.

OhridNews