За време на викендот повторно се очекуваат локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни, во вид на невреме и проследени со ветер, грмежи и град, информира Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР.

Ваквите процеси можат да предизвикаат појави на течење и слевање на вода низ градските улици поради неможноста за одведување на водата во толку краток временски интервал. Исто така поради очекуваниот интензивен дожд локално на некои места, можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање, покрај кои посочуваме за внимателно движење. За поголемите реки, засега не постои опасност од нивно излевање, иако е можно зголемување на нивниот водостој, се вели во метео предупредувањето што претпладнево го издаде УХМР.

OhridNews