Жените купуваат помалку гардероба за време на светската економска криза, но продбата на шминки расте. Испитувањето на британскиот пазар покажало дека најголем пораст во продажбата бележи козметиката, која има раст од 7,4 проценти. Производите за нега на лицето и телото се продаваат за 6,7 проценти повеќе, а парфемите за 4,6 проценти.


Експертите тврдат дека овој феномен бил присутен и за време на светската економска криза во 30-тите години на минатиот век. Тогаш жените сакале да изгледаат убаво поради големата конкуренција за запослување. Затоа и сега наместо да штедат бираат производи со што поголем квалитет кои им даваат поголема самодоверба.