Аргентинскиот министер за образование одлучил за време на светското првенство во фудбал на учениците да им овозможи да ги гледаат преносите на натпреварите на националната селекција, за да се спречи бегањето од часови. Изјавил дека е подобро да се изгубат два часа отколку да го пропуштат целиот училишен ден.


Натпреварите на Аргентина на светското првенство ќе ги следат најмалку 70 проценти од жителите, што значи дека училиштата би биле празни. Првиот натпревар во групата Аргентина го игра во сабота, кога нема настава, но преостанатите два се играат во вторник, односно четврток. Сите училшта ќе мораат да обезбедат телевизори, а сите деца кои нема да одат на училште ќе добијат неоправдани.