Со цел да се привлечат што поголем број туристи за празникот Богојавление – Водици, дел од хотелските капацитети на охридската ривиера во соработка со Локалната самоуправа ќе излезат со евтини аранжмани од 5 евра за ноќевање со доручек.

-Цената ќе биде симболична, колку да не е без пари, изјави градоначалникот Петрески. Тој напомна дека аранжманите за Водици ќе бидат дефинирани деновиве, по што ќе следи нивна промоција.

Петрески најави дека за празникот Богојавление меѓу гостите ќе бидат и претставници на туристичките заедници од Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Романија и од Бугарија, до кои тој упатил официјална покана за време на службенуиот престој во Банско, изминатиот викенд.

OhridNews