Охридските хотели, кои се членки на здружението ХОТАМ, ќе одобруваат попуст од 50 отсто на рецепциските цени за ноќевање со појадок за време на наредниот викенд, јави новинската агенција Макфакс.

ХОТАМ на овој начин сака да даде придонесе за традиционалната манифестација, што секоја година се одржува во Охрид по повод верскиот празник Водици и која во изминатите години беше масовно посетувана.

Попустот ќе важи од 17-20 јануари, а во тој период во Охрид ќе се организира и првиот меѓународен саем за туризам во Македонија.

Подетални информации може да се добијат на веб страната www.hotam.org а за резервациите може да се извршат преку директно телефонско јавување кај хотелите, соопшти Макфакс.