Целта на оваа конференција е да се анализираат последните трендови во оваа сфера и да се влијае врз донесувањето на националните планови за адаптација.
Македонската делегација ќе ја предводи државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски. Пановски ќе претседава со сесијата за идентификување на водните ресурси кои можат да бидат на удар на климатските промени, а ќе одржи и воведна презентација на панелот посветен на управувањето со басенот на реката Дрим.