Времето претпладне ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната од 13 до 21 степен.
Во Охрид ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 17 степени.
За време на викендот не очекува сончево време со мала до умерена облачност со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне 14 степени Целзиусови, информира УХМР.
OhridNews