Под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот во понеделник можни се краткотрајни врнежи од дожд, но дневните температури ќе останат високи и на места ќе достигнат до 21 степен.
Променливо облачно време со услови за дожд ќе преовладува во вторник кога се очекува и опаѓање на дневните температури кои нема да бидат повисоки од 16 степени. Слично време ќе се задржи во среда и во четврток.