Поради зголемениот број на посетители и настани за време на Велигденските празници, на сила е контролирано спуштање на рампата во стариот дел на градот кај Горна порта, со цел зголемена безбедноста на пешаците и регулирање на сообраќајот во тој дел на градот.
Мерката ќе биде на сила до 22 април до 7 часот, информира ЈП Билјанини Извори.
Во овој период ќе биде ограничен пристапот на моторни возила, освен за жители на стариот дел на градот. Одлуката се донесе согласно искуствата од минатата година, а на барање на жителите од тој дел на градот. Молиме за разбирање и почитување на поставените знаци и упатства од надлежните лица, посочуваат од претпријатието, стои во соопштението на ЈП Билјанини Извори.
Г.М.