По повод најголемиот православен празник Велигден, најпознатиот производител на леб и печива АД „Жито леб“ Охрид, во петок и сабота, во сите свои продажни места и колонијални продавници, во промет ќе пушти празнична погача со јајце, козуњак и велигденска штрудла со мак и мармалад.

Во тек е и големата промотивна акција на „Жито Леб“, во која со секој купен леб Т-500 од 550 грама, следи гратис француски леб од 140 грама. Исто така тече и акцијата ‘1 + 1 варен ѓеврек’ или ‘1 + 1 био ѓеврек’ = 20 денари.

Од компанијата информираат дека млечните ресторани на АД „ Жито леб“, за велигденските празници ќе работат во сите денови. Сите млечни ресторани во Охрид и Струга во петок и сабота ќе работат до 17 часот, недела од 07-13, а во понеделник од 06-14 часот. Во вторник, трет ден Велигден млечните ресторани на АД „Жито Леб“ Охрид ќе работат со вообичаено работно време.

OhridNews

Најпознатиот пекарски бренд ја прошири мрежата на млечни ресторани во Струга