За Велигденските празници во Охрид престојуваат над 7000 гости. Речиси половината од нив се сместени во хотелите кои се речиси целосно исполнети.
Хотелот Милениум Палас е исполнет 100%, а така е и во најголемиот број хотели на крајбрежјето, ни изјави Јоцо Николоски-менаџер во х. Милениум. „Нашиот хотел деновиве е светот во мало. Престојуваат гости од речиси сите европски држави, освен од Грција за жал, но тоа сепак не влијае на развојот на туризмот, барем не за нашиот хотел“, ни изјави Николоски.
Охридските хотели за Велигден исполнети решиси 100%
Голем е и бројот на домашни гости кои Грција ја заменија со викенд во Охрид. Велигденските и првомајските празници се репер за главната туристичка сезона која според тоа што сега се случува, како и најавите ќе биде успешна смета, Николоски. Спорд него политиката е главната причина што грците го бојкотираат Охрид, но според него треба да радува фактот што се повеќе гости од други држави доаѓаат во Охрид. Задоволни се и угостителите и трговците кај кои деновиве прометот пораснал за 30 % што според туристичките работници е добра најава за главната туристичка сезона. Според нив доколку се запази сегашниот тренд претстојната туристичка сезона ќе биде повеќе од успешна.
ohridnews