ЈП „Билјанини Извори“ ги известува граѓаните на Охрид и сите оние кои за Велигденските празници престојуваат во градот, дека утре на 12 април, по повод православниот празник Велгиден, наплатната служба на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието нема да работи и паркирањето ќе биде бесплатно за сите.
ЈП „Билјанини Извори“ на сите граѓани од Православна вероисповед им го честита најголемиот христијански празник Велигден.
OhridNews