Од 85 179 лица кои досега се заинтересирани да примат вакцина, 38 илјади се над 70-годишна возраст, објави Министерството за здравство. Тоа е третина од вкупниот број лица над оваа возраст.

Вакцинацијата во земјава почна деновиве со имунизација на 202 здравствени работници.

Министеството за здравство укажува дека сите вакцини се безбедни и развиени на безбедни платформи.

Со нив, секој ден сме чекор поблиску до крајот на пандемијата предизвикана од КОВИД-19, објави МЗ на официјалната фејсбук-страница.

OhridNews