Воведување општокорисна работа за сторителите на прекршоци, казнени мерки за службените лица и значително зголемување на глобите се дел од новините содржани во Законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина што Собранието го донесе на 31-та седница.
Ова е прв Закон со кој се воведуваат постапки за порамнување, посредување и медијација. Целта е да се избегне водењето прекршочна постапка и постигнување спогодба со сторителот на прекршоци за отстранувањње на последиците од прекршокот. Висината на глобите е значително зголемена и изнесува 3.000 евра за прекршок од прва категорија, 6.000 евра за прекршок од втора категорија и 8.000 до 20.000 евра за прекршоци од трета категорија. Ако штетата е сторена и организирана од најмалку најмалку три лица, висината на казната се движи од 15.000 до 25.000 евра. Целта е да се спречи организираниот еколошки криминал. Новина е и воведувањето прекршочни санкции за службените и одговорни лица во органите на државната управа. Ако се востанови дека не ги презеле навремено и ефикасно сите мерки за спроведување на Законот, ќе платат 600 евра глоба. Ваквата мерка се воведува прв пат и очекуваме соодветни резултати, велат од Министерството за животна среднина.
ќе го спречи ли новиот закон загадувањето на природата?
Во рамки на Министерството за животна средина ќе се формира прекршочна комисија која ќе биде надлежна за воедење прекршочни постапки. Измените ги подрржуваат реформите на судскиот систем. Само една третина од прекршоците се во надлежност на судовите, а останатите две третини ги води прекршочната комисија на Министетството, а Законот предвидува и измени во инспекцискиот надзор.