За убиството на Благуна Петкоска (47) од Велгошти, осмоничен е 62 годишен жител на Охрид, соопшти Јавното обвинителство. Тој се товари за сторено кривично дело Убиство извршено на свиреп начин.
Осомничениот е приведен, а надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Охрид поднесе Предлог за определување на мерката притвор.
Како што неофицијално дознаваме, осомничениот е Исамедин Камберов, кој повеќе месеци живеел заедно со жртвата. Тој од порано и бил познат на полицијата како извршител на кривични дела. Приведен е во Струга.
Безживотното тело на Благуна Петкоска беше пронајдено вчера попладне во нејзиниот дом на улица „Илинденска“ во Велгошти.
-На телото на сега починатата има траги на насилство. – истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. Тој рече дека полицијата во содејство со обвинителството презема активности со цел расветлување на случајот кој ја потресе охридската јавност.
OhridNews