Водата е составен дел од многу козметички препарати, наменети за секојдневна нега. Токму таа е клучниот фактор за свеж и здрав изглед, а за да ја надокнадите неопходно е да користите хидратантни производи со квалитетни состојки кои регенерираат и штитат од штетните надворешни влијанија.

Кога купувате козметика, изберете производи кои ја задржуваат водата во кожата. Пожелно е да бидат хидратантни, направени од природни состојки, екстракти од билки, алое, портокал, природни масла, кои се почесто се наоѓаат во производите за нега на сува и чувствителна кожа.

Најдобри се маслата од бадем, авокадо, кокос, јојоба, а уште подобар ефект имаат во комбинација со други состојки кои, исто така, ги хранат клетките. Посебно е важно да се обрне внимание на делот околу очите, бидејќи тука кожата е тенка и чувствителна.

Во редовната нега за зрела кожа би требало да се користат и крем и гел против брчки. Ако имате изразено сув тен,негувајте го со серум кој спречува дехидрација и го успорува стареењето.Сите производи за нега ставајте ги наутро и навечер, нежно масирајќи со кружни движења.

 

извор:zenstvena.com