Американка од Пенсилванија добила мирисен удар заменувајќи го творот со мачка. Љубителка на животни, која најверојатно е кусовида, мислела дека ја гали мачката на соседот, но подоцна утврдила дека во рацете држи твор. Како резултат, добила двојна доза на ужасна миризба.
Откако ја испрскал, творот истрчал во куќата и зад себе оставил неподнослива смрдеа. Полицијата потрошила неколку часа за да го извади од куќата. Не се знае како изгледа мачката која жената мислела дека ја милува.