– Рибочуварската служба и натаму ќе дејствува на Охридското Езеро, се со цел физичка заштита на рибата, рече Димитриевски, најавувајќи заеднички активности со надлежните служби од албанската страна.
Инаку во првите седум месеци од оваа година се уништени над три илјади запленети мрежи и друг вид опрема за криволов.
Охридското Езеро вчера беше порибено со 300.000 парчиња подмладок на пастрмка, како дел од напорите на државата и Хидробиолошкиот завод за зачувување на овој загрозен вид ендемска риба.