Во периодот од 18 до 21 јуни во Охридско-струшкиот регион, полициските служби регистрирале вкупно 27 кривични дела.

На подрачјето на Општина Охрид, во полициската евиденција заведени биле, четири кривични дела “Кражба”, четири нарушувања на Јавниот ред и мир и шест дела “Оштетување”. Исто така биле евидентирани и пет собраќајни незгоди со предизвикана материјална штета.

На станичното подрачје на Полициската станица Струга, пак биле случени две кражби, три нарушување на јавниот ред и мир, две оштетувања  и една сообраќајна  незгода со предизвикана материјална штета.

Против сторителите на кривичните дела, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews
Извор:СВР Охрид