Во периодот од 19 март 2010 година па до денес, во Охридско-струшкиот регион, полициските служби регистрирале вкупно 18 кривични дела.

На подрачјето на Општина Охрид, во полициската евиденција заведени биле  две кражби, едно кривично дело “Тешка телесна повреда”, две дела “оштетување”, четири нарушувања на јавниот ред и мир и три сообраќајни незгоди, со материјална штета.

На станичното подрачје на Полициската станица Струга, пак биле случени четири кражби, едно нарушување на јавниот ред и мир и една сообраќајна незгода со предизвикана материјална штета.

OhridNews
Извор: СВР-Охрид