Светскиот шампион во фудбал на Мундијалот во Јужна Африка следната година со титулата ќе добие и парична награда од 30 милиони долари, соопшти ФИФА. Светската куќа на фудбалот има планиран буџет од 420 милиони долари, кои ќе им ги подели на репрезентациите учесници на СП 2010, но и на екипите што даваат репрезентативци во различни селекции што ќе настапат во Јужна Африка.
– Секој клуб чиј играч ќе настапи на Мундијалот ќе добива дневно по 1.600 долари од фудбалер – изјави Џером Валке, генералниот секретар на ФИФА. Оттаму објавија дека вкупниот награден фонд е зголемен за 61 процент во споредба со фудбалскиот буџет за минатото СП во Германија, пред 3 години. Вицешампионот ќе добие 24 милиони долари, а секоја селекција за подготовките за шампионатот ќе добие бонус од еден милион долари.
Во Јужна Африка ќе играат 32 репрезентации. На седницата на извршниот одбор на ФИФА во Кејптаун не минаа предлозите за воведување новини во фудбалската игра за време на СП. Експериментот со линиски судии зад головите и со повторување на спорните ситуации со користење на видеотехнологијата ќе чекаат подобри времиња.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com