Синоќа по повод „Денот на вљубените“ и „Св. Трифун“, Cuba Libre beach & bar. повторно беше место каде се оддржа големиот музички спектакл „Враќање во минатото“.

Настанот, чиј ексклузивен медиумски покровител е OhridNews, побуди огромен интерес, што покажува дека Охрид е гладен за квалитетни културни збиднувања.

На настанот, беа исполнети музички хитови изведени во периодот од 1950 – 1980 година, а за забавата, и овојпат се погрижи Petar Markoski Quartet.

Преку безвременските хитовити на Frank Sinatra, Elvis Presley, Dean Martin, односно најголеми македонски „евергрини, Petar Markoski Quartet ги врати охриѓани минатото и ги потсети на едни убави времиња.

OhridNews