Ден пред големиот верски празник  Свети Никола, посната трпеза на старите лица од Центарот за Геријатрија при општата болница во Охрид. Спортските риболовци од спортско риболовниот клуб  Св.Апостол Петар ја збогатија со десетина килограми пржена плашица , посно ѓомлезе и овошје.


Риболовците ја продолжија неколкугодишната традиција, со која уловената риба од друштвениот натпревар ја поклонуваат на стари лица, за да не се почуствуваат осамени и заборавени.Помеѓу  старите згрижени лица има спортски риболовци , сопруги и мајки  на поранешни рибари ,  кои со задоволство промуабетија  со  преставниците на СРК Св .Апостол Петар , како се рибарело порано а како сега.


Севим Селим, раководител на Геријатриско одделение им се заблагодари на риболоволвците за овој хуман гест, и ги повика сите организации кои се во можност да помогнат на овие наши мајки сестри и таковци ,да не се чуствуваат заборавени затоа што тоа е иднината на сите нас.


СРК Св.Апостол Петар еден од натпреварите го организира викенд пред празникот Свети Никола кој се смета  за заштитник на морепловците, кога бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во море, морнарите се молат и прославуваат цел ден, а утредента продолжуваат со пловење.


Според обичаите и традицијата кај охриѓаните, рибата е задолжителен дел од посната “ Светиниколска трпеза “ претежно на трпезата има плашица поради нејзината ниска цена,затоа овој ден се слави и како празник на рибата.

Плашицата мора да си го најде своето место во туристичката понуда на Охрид, велат од СРД „Свети Апостол Петар“, кои најавуваат дека наскоро че организираат таков фестивал во Охрид.