За карминот да стои совршено, не е доволно само да го нанесете на усните. Освен што усните мора да бидат негувани, мејк-ап артистите имаат и уште по некој трик за кој можеби не сте знаеле.

Третирајте ги вашите усни баш како и лицето.Отстранете ја шминката, направете благ пилинг, намачкајте хидратантна маст. И повторувајте го тоа често.

Кога ги нагласувате усните, очите нашминкајте ги минимално. Добрата шминка значи балансирање помеѓу онa што е убаво и она што може да ја премине секоја мера и да стане невкусно. Затоа, ако изберете еден дел од лицето кој сакате да го нагласите, држете се до него.

Пронајдете ја вистинската боја. Не се сите нијанси за секого. Различната боја на тенот оди со различна боја на кармин. Испробајте ги повеќето и најдете ја онаа што е одлична за вас. Држете се до својот проверен кармин кога треба да играте на сигурно.

Моливчето за усни може да биде најдобар пријател, но и најлош непријател на убавината. Кога ќе го најдете идеалното моливче, тоа прекрасно ќе ги заокружи усните и ќе спречите карминот да не се размачкува. Ако згрешите со бојата, ризикувате да изгледате како Гвен Стефани од 1997 година.

Шминкањето започнете го од средината на усните. На тој начин раката помалку ќе ви се тресе и подобро ќе го нанесете карминот. На средината на усните ставете малку сјај. Усните ќе изгледаат пополни и поубави.

Отстранете го карминот пред спиење и нахранете ги усните со хидратантно лабело. И тоа е доволно за ноќна нега.

Секогаш земете барем еден ден неделно за одмор од шминката. Нека усните ви бидат природни барем еден ден. Направете благ пилинг, нахранете ги и нека кожата ужива во одмор без нималку шминка.

 

извор:tportal.hr