Улицата „Ванчо Николески“ која се наоѓа помеѓу некогашниот хотел „Палас“и Студентскиот дом, цело лето стои празна. Паркирањето на овој дел од улицата е забрането, а за да не влегуваат автомобили поставени се препреки. Сето тоа беше направено со цел да им се овозможат што подобри услови за работа на тезгаџиите и другите ситни продавачи кои согласно одлуката  на Советот треба да го користат искучиво овој простор за обавување на својата дејност.


за што служи улицата „Ванчо Николески“

Наместо на просторот предвиден за таа намена, тезгаџиите цело лето дејноста ја обавуваа на кејот или на плоштадот. Од oпштинскиот инспекторат велат дека не можеле да го решат проблемот затоа што најголемиот дел од тезгите биле подвижни ги одбегнувале контролите. Против дел од нив сепак се поднесени прекршочни пријави, а некои од тезгите се запленети. Сепак се чини тие мерки се недоволни да го поправат впечатокот дека и оваа туристичка сезона центарот на градот во многи личеше на панаѓур.

ohridnews