Има неколку места во градот каде преминувањето улица не е едноставна работа, посебно за децата (учениците). Долго време (со право) граѓаните на Горна Влашка Маала и родителите на учениците кои учат во ОУ „Христо Узунов“ бараа на некој начин да се обезбеди полесен премин на улицата „Питу Гули“. Се чинеше дека проблемот е решен кога пред неколку години општината преку донации го изгради ПЕШАЧКИОТ МОСТ. Учениците беа спасени од автомобилите, родителите од грижите. Дали?!

Фотографииве се направени на 15 ти декември во 14.00 часот пред влезот на училиштето. Ја „посматрав“ околината околу 20 минути. За тоа време ниту едно (ама баш ниту едно) дете не ја премина улицата преку мостот. Само претрчуваа преку улица. Зошто така? Има ли некој да поведе сметка? Или како по обичај кога не дај Боже ќе се случи трагедија тогаш се бараат виновници.

Едно време мостот не беше заштитен од атмосферски влијанија, но сега е покриен и осветлен, значи потполно погоден за употреба.
За ваквото неодговорно однесување на учениците одговорни се родителите и наставниците. Треба да се донесе одлука за ЗАДОЛЖИТЕЛНО преминување на улицата преку мостот.


И пред ОУ „Григор Прличев“ улицата се префрла панично