Патоказите кои пред неколку години беа поставени на улиците во Охрид, веќе подолго време не и служат на намената заради која беа поставени.

Речиси на секоја улица може да се забележи како тие лежат расфрлани по тротоарите, а многу од нив се и изместени и не ја покажуваат точната насока.


И покрај ветувањата, надлежните при Локалната самоуправа никако да најдат време и да ги санираат или воопшто повлечат од употреба.


Повеќе од очигледно е дека ако некој се изгубил или не може да го најде посакуваниот правец, тешко дека ќе му помогнат охридските патокази.

OhridNews