Таман помисливме дека ваквите глетки се минато, несовесните граѓани деновиве не` потсетија дека меѓу нас сеуште има вандали кои бесот и личните фрустрации го истураат врз се` што ќе им дојде при рака.
Оваа корпа за ѓубре од кејот завршила во водите на Охридското Езеро. Примитивниот чин го регистриравме вчера кога прекрасното време привлече на прошетка илјадници граѓани, но и голем број посетители на Охрид. Не е прв пат ова да се случува коментираа гласно граѓаните, кои очекуваат надлежните да преземат конкретни мерки за да се спречат ваквите појави во иднина.
Грдата глетка ја надополни и несредениот кеј на кој се наталожиле песок и отпад што на површина ги исфрлил бранот. Охрид тежнее да ја продолжи туристичкаата сезона и вон летните месеци па затоа вакви глетки во иднина треба да има што помалку.
бранот ни го врати ѓубрето