Во контејнерите неретко се одлага отпад на кој местото не му е таму. Наместо да ги користат соодветните депониии, на некои граѓани полесно им е да се ослободат од цврстиот отпад во контејнерите кои не служат за таа намена. Така деновиве на ул. „Пере Тошев“ контејнерите беа преполни со гранки од дрвја и друг цврст отпад поради што граѓаните не можеа да го одложат отпадот од домаќинствата. На барање на инспекциските служби екипи на јавното комунално претпријатие го расчистиле нерегуларниот смет, а за да се избегнат слични проблеми во иднина контејнерите се дислоцирани во таканаречени џебови.
Ohridnews
фото: “Комуналец“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com