Здравата исхрана обично ни паѓа на памет кога е потребно да симнеме вишок на килограми, но таа носи уште цела низа користи.
Здравата исхрана е израз кој најчесто го слушаме кога некој ќе одлучи да симне некој килограм, но како што покажува истражување дека младите возрасни луѓе живеат посреќно и покреативно ако јадат повеќе овошје и зеленчук, вреди да се потсетиме зошто секогаш треба да се храниме здраво.
Накратко, со подобро расположение, зголемениот внес на овошје и зеленчук носи смиреност и повеќе енергија, а не е неважен ниту фактот дека докажано подобро ќе спиете ако здраво се храните.
Одлично решение за подобар сон е сокот од вишни, а ако покрај тоа се јадат и житарици, риба и лиснат зеленчук, црвстиот сон е загарантиран.
Здравата исхрана дава свежа енергија и волја за физички вежби, па здравите протеини ќе ги зајакнат тренинзите, а не треба да се заборави ниту на ефектот кој здравата храна го има врз убавината – кожата тогаш е сјајна и здрава.
За крај, со здравата храна, мозокот работи подобро, па навистина повеќе нема потреба да посегнувате по брза и мрсна храна полна со шеќери и адитиви.
извор:metro-portal.hr