Дали сакате да го пиете чајот од камилица? Се работи за вкусен напиток кој е одличен пред спиење бидејќи помага да се смират нервите и можат секому да му помогнат да заспие. Камилицата има многу предности поради кои би требало да ја консумирате, а тука се и хемиските споеви кои помагаат да се смири желудникот.
Заборавете на таблетите кои во себе имаат многу состојки кои можат да направат поголема штета отколку корист. Свртете се кон природните методи со кои ќе ви се поправи квалитетот на животот,а и од кои подобро ќе се чувствувате.
Во камилицата има апигенин, позната состојка кој помага во смирување на централниот нервен систем. Ако чувствувате замор би било добро да се напиете шолја чај од камилица. За сите оние кои не сакаат да пијат чај, тука е топлата купка во која може да додадете неколку капки чај од камилица или две капки масло од камилица.
Камилицата е одлична бидејќи помага кај конјуктивитисот, болки во стапалата, менструални проблеми, псоријаза, проблеми со непцата, гнојни чиреви, чирот на желудник.
Камилицата не помага само да се смирите, некои состојки се корисни и кога се во прашање мазните мускули со кои е обложена матката. Тие помагаат да се намали болката во стомакот која се јавува после јадење и ја ублажуваат болката за време на менструалниот циклус.
Доволни се две шолји чај од камилица дневно за да се намали влијанието кое аспиринот и други слични лекови го имаат врз желудникот. Ова е корисно за луѓето кои боледуваат од болести како артритис, а поради кои често мораат да земаат аналгетици.
Камилицата има и антисептичка и противвоспалителни својства. Се зависи од тоа како ја применувате, па ако ја нанесувате надворешно, во облик на облоги од чај од камилица или крем, помага кај изгореници и исеченици.
извор:savjetnica.com