За само шест месеци американецот Џон Џонсон играјќи блекџек заработил 15 милиони долари, па трите најголеми казина во САД му забраниле пристап. Џонсон е извршен директор на една фирма која се бави со кладење на трки со коњи, а парите ги заработил играјќи во три различни казина во Атланта. Околу 4 милиони осоил во казиното “Caesars Atlantic City”, околу 5 во “Borgata Hotel Casino & Spa”, а останатите во “Tropicana Casino and Resort”.


Тој тврдел дека не е професионален коцкар и негира дека лажел. Изјавил дека не кршел ниту еден од законите и дека ги победил со помош на вештините кои ги поседува. Иако станал милионер благодарение на коцкањето, тој и понатаму живее обичен живот. Вели дека нема намера да се занимава исклучиво со коцкање, но и дека сака да продолжи да игра игри на среќа.