Ова полугодие во Македонија се извршени 17 убиства, од кои на подрачје на Скопје – шест, три во Охрид, по две во Прилеп и Куманово, и по едно во Тетово, Крива Паланка, Велес и Штип.
Во рамките на кривичните дела против слободите и правата на граѓаните, регистрирани се осум кривични дела „грабнувањ“, четири на подрачје на Скопје и по едно на подрачје на Охрид,Тетово, Гостивар и Куманово.
Од имотните деликти со елементи на насилство се регистрирани 20 кривични дела „изнуда”. Од нив шест се изршени во Скопје, три во Гостивар, по две во Тетово и Охрид и по едно во Битола, Куманово, Кавадарци, Кичево,Радовиш, Валандово и Сруга , а мотив во повеќето случаи е изнуда на парични средства поради наводен паричен долг, информираат од МВР.