Еден возач од руската престолнина Москва добил рекордни 300 казни за непрописно паркирање само за половина година.
Заменикот на московскиот градоначалник Максим Ликсутов изјави за медиумите дека возачот постапно ги плаќа своите казни, но не сакал да го открие неговиот идентитет, додавајќи само дека не станува збор за државен службеник.
Во Москва казните за погрешно паркирање се зголемија од 100 рубљи (три американски долара) на 2.500 рубљи (околу 75 долари) од 1-ви јули годинава, така што овој возач вкупно би требало да плати 750 илјади рубљи или 22.700 американски долари.
Извор: Макфакс