Судот во Дубаи им пресудил казна од по три месеци затвор на двајца британци затекнати во вонбрачен полов однос на јавна плажа во тој емират.
Судијата пресудил дека мора да ја одслужат казната пред да бидат протерани од Обединетите Арапски Емирати.
Исто така се осудени на глоба од по 250 евра поради конзумирање алкохол.
Вонбрачните полови односи се забранети во Емиратите. Според законот, максималната казна за вонбрачен секс е година дена, а најмала три месеци. Иста казна е предвидена за секој “недоличен чин“ во јавност.