Сопственикот на една златара во американската држава Ајова нуди бесплатни пушки на идните младоженци кои кај него ќе купат веренички прстен за најмалку 1999 долари. Сопственикот на златарата Харолд Ван Бик за локалните медиуми изјавил дека сакал да направи нешто за момците кои сакаат да ловат елени, а не дијаманти.
Оваа промоција, која изгледа како да е инспирирана од приказните за Дивиот Запад, ќе започне денес и ќе трае до крајот на месецов. Понудата пушка за веренички прстен е подложна на законите во Ајова, бидејќи на неа немаат право лицата кои се осудувани или кои се зависни од дрога или алкохол.