Еден човек од Северна Каролина на својата сопруга за 49 годишнината од бракот одлучил да и подари по еден долар за секој ден минат во бракот. Артур Шумахер цел ден возел од банка до банка како би собрал точно 17.885 банкноти од по еден долар.
Сепак, Артур на сопругата и останал должен уште 12 долари, бидејќи при собирањето на заедничките брачни денови заборавил да ги додаде деновите во престапните години. Парот се запознал 1958 година, кога пријателите ги наговориле на состанок на слепо. Се венчале четири години подоцна додека Артур бил на едномесечен одмор од војската.