Во последните седум дена астероид со големина на станбен блок и три помали вселенски објекти поминаа покрај Земјата, пренесува „Макфакс“.

Сите четири астероиди се појавенимеѓу 4-ти и 10-ти март , а некои од нив се откриени само неколку дена пред да поминат.

Најголемата вселенска карпа се појави во саботата, а станува збор за астероидот 2013ЕТ кој пролета на околу 750.000 километри од Земјата.  Астероидот бил широк 80 метри и помина на оддалеченост 2,5 пати поголема од онаа меѓу Земјата и Месечината.

Најстрашна работа е тоа што за него немавме поим.“ – изјави Патрик Паолучи од Слоох Спаце Цамера и додаде дека дури на 3 март бил откриен од стручњаците на универзитетот во Аризона.

Исто така, во саботата, помалиот астероид 2013ЕЦ20 со широчина од 7 метри поминал поблиску до Земјата, на околу 150.000 километри, што е помалку од половината растојание меѓу Земјата и Месечината.

Доколку астероидот 2013ЕТ удрел во Земјата, би уништил еден голем град.“ – изјави инженерот Пол Кокс, кој астероидот го набљудувал со телескоп од Канарските острови додека профучил покрај Земјата со брзина од 42.000 километри на час.

Инаку, дожд од астероиди уследи по само неколку недели откако астероидот широк 17 метри експлодираше над Русија на 15-ти февруари со сила од 500 килотони, повредувајќи повеќе од 1.200 жители на Чељабинск и причинувајќи голема материјална штета.

OhridNews

извор: „Макфакс“