“ Се вложуваат милионски суми пари за ставање колипки кај Музејот на вода, а гостите, поради раскопаните патишта не можат да пристигнат во Охрид и да ги посетат туристичките атракции во градот” , потенцира Градоначалникот и додава “ Без директни авио- линии до Охрид, гостите од другите земји тешко се одлучуваат да го посетат нашиот град. При тоа, потребни се 500. 000 евра субвенција од страна на државата за да се создадат услови два пати неделно да има директни летови од Хрватска или Словенија”.
Петрески очекува дека оваа сезона бројот на гости кои ќе го посетат Охрид ќе биде на задоволително ниво според добиените показатели од мај и јуни. Како што тој потенцира, охридските хотелиери и ресторани добро се снаоѓаат во овие услови на економска криза, но за подобри резултати од туристичката сезона неопходна е соработка и подршка и од државата.