Челси има нулта толеранција за расизмот, клубот му изрече доживотна забрана на навивач за присуство на Стемфорд Бриџ кој на мечот против Манчестер Сити расистички го навредуваше Рахим Стерлинг.
Уште пет навивачи на Челси настрадаа, но тие само привремено. Добија забрана за следење на домашните натпревар во период меѓу една и две години поради користење на навредлив јазик, заканување и агресивно однесување за време на мечевите.
Челси информираше дека одолговлекувале со конечната одлука поради деталната истрага на случајот. Казнетите имаат право на жалба.
OhridNews