Кутиите со цигари кои немаат лого на производителите го прават пушењето помалку привлечно и го олеснуваат оставањето на цигарите, тврдат австралиските научници. Австралија е првата земја која која во тутунската индустрија забранила продажба на цигари со логото на познатите брендови, пренеле медиумите. Новите резултати објавени во стручното списание “BMJ Open” биле собрани од 536 пушачи од сојузната австралиска држава Викторија.

Се покажало дека законските редизајнираните кутии со цигари биле поврзани со 66 проценти поголема можност пушачите да мислат дека пушат цигари со послаб квалитет и 70 проценти поголеми можности за намалување на задоволството после испушеното цигаре. Тие испитаници исто така имале и 81 процент поголема шанса дека најмалку еднаш дневно ќе размислуваат да престанат да пушат. Од пушачите вклучени во анкетата, 51 процент го поддржале воведувањето на редизајнирани кутии со цигари.