Полицајците во британскиот град Барнсли на југот од Јоркшир биле замолени да обратат поголемо внимание на јазикот на своите сограѓани додека шетаат по улиците, и доколку ги чујат да пцујат, да ги забележат и во краен случај да им наплатат казна до 100 евра. Првата опција е полицаецот да го предупреди сограѓанинот на непристојниот речник, а доколку предупредувањето не помогне, може да му наплати казна.


Градските власти ги предупредиле и граѓаните да ги пријават оние лица кои околу нив разговараат со непристоен речник. Фил Дејвис од локалната власт изјавил дека нема ништо лошо во пцуењето, но и дека невкусно е кога пцовката ќе ја упатите директно кон некое лице.