Кога се во прашање Бијонсе и Џеј З луксузот е неизоставен дел од нивниот животен стил. Така за првиот одмор заедно со нивната ќерка, познатиот пар не штедел ниту цент па одлучиле да изнајмат луксузна вила во Хамптон која ги чинела $400 000 долари за еден месец.

Оваа вила поседува свој терен за голф, куглана, тениски терен, спа центар, а во случај музичкиот пар да добие инспирација да сними нова песна тоа можат да го направат во музичкото студио кое се наоѓа во склоп на вилата.