Минималната плата ќе изнесува 8.050 денари за нето, односно 12.265 за бруто плата, соопшти премиерот Никола Груевски, по завршувањето на седница на Економско-социјалниот совет.

На економско-социјалниот совет, со кој претседаваше министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, присуствуваа претставници на синдикатите кои искажаа задоволство од донесената одлука.

„Во кожарството досега се земаше плата од 4.800 денари, а во текстилната индустрија на работниците им се плаќаше по 5.500 денари месечно. Презадоволни сме од ваквата одлука, велат од Здружението на работодавачи.

Во регионот таа се движи од 120 до 160 евра.

OhridNews
извор: Makfaks