Научниците за прв пат успеале да ја скенираат содржината на сонот. Експериментот го извеле над група доброволци кои имаат способност за таканаречено луцидно сонување. Тоа е состојба во која лицата се свесни дека сонуваат и можат да управуваат со своите соништа. Михаел Шиц од институтот Макс Планк за психијатрија во Минхен објаснил дека луцидното сонување започнува во РЕМ фазата, кога телото е потполно смирено, а очите почнуваат брзо да се движат. Иако спијат, луѓето кои ја имаат оваа ретка способност можат да управуваат со своите соништа.

Истражувачите на шестемина доброволци им дале задача во сонот да ги стискаат наизменично левата па десната дланка. Од сите учесници само еден во целост ги извршил сите задачи, а неговите активности биле скенирани со fMRI направа. Се воспоставило дека кога човекот во сонот ја стегал раката, активноста во делот на мозокот кој е задолжен за движење, била зголемена. Мозочната активност на движењата во сонот воопшто не се разликувале од оние кога истото лице било будно и навистина ја стегало раката.